Тајра Бенкс: бев премногу тешка на 17 години, за да успеам како модел во 2012

Тајра Бенкс ја поддржува забраната на Вог за малолетни или премногу слаби модели.

Деветнаесет интернационални издавачи на легендарните модни списанија ветија дека ќе го стопираат промовирањето на модели кои имаат помалку од 16 години или кои имаат нарушување во исхраната.

Тајра изјави, дека злоупотребата на малолетните модели и популарноста на нарушувањето во исхраната се многу полоши сега, отколку кога таа почнала во овие води и дека индустријата има очајна потреба од реформи.

За Дејли Бист, таа напиша: „Во индустријата потребна е огромна заштита за моделите, за нивното здравје и благосостојбата. Од сопствено искуство говори дека како тинејџер, успеала да избегне многу замки во индустријата на модата со помош на својата мајка, Керолин. „Пред да наполнам 20 години, бев со вишок килограми и станував заоблена. Мојата агенција и даде на мајка ми листа на дизајнери кои не сакаа да ме ангажираат во нивните модни настапи повеќе. За да можам да продолжам, требаше да се борам со мајката природа и да се навикнам на лишување себеси од исхраната“

Но, мајката на Бенкс не можела да го поддржи ова. „Додека мајка ми ги бришеше солзите од моето лице, ми рече – Тајра, знаеш што ќе направиме во врска со ова? Ќе јадеме пица. – Седнавме во една малечка пицерија во Милано и направивме стратегија за тоа како мојата заобленост да ја претвориме во виткост“.

Таа додаде: „На некој начин, ова беше мојата одлука да не се изгладнувам, а да станам супермодел, подоцна и бизнис жена“. Додаде и дека размерите се многу различни денеска, за тоа како треба да изгледа еден модел и дека никогаш не би успеала да стане модел на 17 години со нејзината тогашна тежина во денешно време.

Им порача на младите девојки: „Вие + вашите мани (flaws) + генијалноста(awesome)=‘Flawsome’.Никогаш не заборавајте колку сте инзвонредни и силни“.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: