’Marca’ претера во изборот на идеалниот тим

Повеќе од 700.000 читатели на весникот ’Marca’ учествувале во изборот на тимот, на годината.

’Marca’ е шпански весник и токму поради тоа не зачудува податокот дека дестмина играчи во тимот настапуваат во Примера.

Единствениот ’натрапник’ е Филип Лам, фудбалерот на Баерн Минхен добил најмногу гласови за позицијата десен бек. На голманската позиција се наоѓа Икер Касиљас кој добил дури 74,6 отсто од гласовите. Покрај Лам во одбраната се уште Пике, Рамос и Жорди Алба.

Тимот на годината во изборот на читателите на ’Marca’ (4-3-3):

Касиљас (Реал Мадрид) – Лам (Баерн Минхен), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Пике (Барселона), Жорди Алба (Барселона) – Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Чави (Барселона), Иниеста (Барселона) – Криситјано Роналдо (Реал Мадрид), Фалкао (Атлетико Мадрид), Меси (Барселона)

Пронајдете не на следниве мрежи: