Познатиот македонски порно актер, Карло Бос на својот Фејсбук профил се пофали дека конечно по неговата депортација од Италија во Македонија добил македонски пасош.
„Од 2004-та година сум без македонски пасош, денес стигна. Благодарам на Македонија и кумановската полиција“, напиша Гоце Гиновски на неговиот Фејсбук статус.
Иако му е забрането да ја посетува Италија, следните пет години, сигурни сме дека Карло Бос со својот нов пасош ќе најде начин да се пробие на европскиот порнографски пазар кој е навистина развиен.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.






