На Фиорентина и „фалел“ уште Освалдо…

Говорејќи околу својот омилен тим зад кој е одличната година односно сезона, легендата на Фиорентина Џанкарло Антонини смета дека Фиорентина мора да доведе централен напаѓач со што екипата би се приклучила кон водечките тимови во Серија „А“.

Клубот од Фиренца зад себе има одлична полу-сезона, избраниците на Винченцо Монтела се наоѓаат на третото место на табелата со бод-заостанување зад Лацио и девет бодови заостанување зад Јувентус.

Иако Фиорентина секако беше најпријатното изненадување од првиот дел од сезоната, Џанкарло Антонини смета дека неговиот омилен клуб мора да го засили нападот со што до крајот на сезоната би останал конкурентен.

„Со целосна почит кон Лука Тони и останатите напаѓачи, Фиорентина и е потребен еден централен напаѓаќ, кога, да речеме, во своите редови би го довеле на пример Пабло Освалдо од Рома, дефинитивно би можеле да се надеваме на Лигата на Шампионите наредната сезона“ изјави Антонини.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: