Проблем нема помеѓу Мурињо и капитенот, туку односот на Касиљас кон тренерот на голманите, Силвин Лоури.
Икер веќе неколку месеци е во војна со тренерот на голманите, а од таму доаѓа таа приказна дека шпанскиот „клан“ во соблекувалната не го поднесува Лоури и го смета за „кодош“ на Мурињо.
Лоури не е само соработник, туку и фамилијарен пријател со Мурињо, практично еден од најблиските луѓе на Португалецот. Иако како тренер на голманите има сосема исто значење како и помошниот тренер Фаријаш и иста плата.
Касиљас веќе неколку месеци не зборувал со Лоури, а постои сомнение дека се сомневаат дека на Мурињо ланската сезона му пренел некои информации околу самиот тим и односите внатре во екипата.
Мурињо ја прифатил препораката од Лоури и го стави Касиљас на клупата, со констатацијата дека неговиот стручен штаб смета дека Адан во овој момент е од поголема корист за тимот.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.