Откриен проблемот на Бритни Спирс – зошто ги гризе ноктите

Loading...

Дали погледот кон телевизијата во живо ја истоштува Бритни Спирс? 

Таа можеби потпиша договор од 15 милиони долари за да стане судија во Икс- Фактор, но нејзините прсти беа тие кои го привлекоа вниманието на медиумите за време на големата најава на Фокс во Њујорк.

Неколку медиуми го истакнаа болниот изглед на состојбата на кутикулите на Бритни, кои очигледно крвареа доволно за да остават дамка на едно од нејзините предизвикувачки мини здолништа кои таа ги носеше на настанот.

Црвенилото отскокнуваше веднаш до нејзиниот огромен веренички блескав прстен, кој го доби минатата година од нејзината долгогодишна љубов Џејсон Травик и поттикна шпекулации за тоа дали мега ѕвездата ќе може да се сноси со барањата на шоуто.

Бритни изјави за Гамур: „Би сакала да престанам да се грижам толку многу, бидејќи тоа го правам постојано и да научам во целина како да бидам посреќна. Мора да научам дека не треба да ги сфаќам нештата толку сериозно и да престанам да ги грицкам ноктите!“

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...
Loading...