Пердју: Доколку Ба си оди, тогаш ќе имаме проблем

Тренерот на екипата на Њукасл, Алан Пердју на големо ги прави плановите околу тоа доколку Демба Ба го напушти клубот во јануари.

Изјавата на сенегалскиот напаѓач дека навива за Париз Сент Жермен и дека ја прати француската лига е само додаток во целата приказна и прашина што се крена околу најдобриот фудбалер на Њукасл во моментов, Демба Ба.

Алан Пердју не крие дека постои голема веројатност дека Демба Ба ќе го напушти Њукасл во јануари, а отворено призна дека во тој случај англискиот премирлигаш ќе биде во големи проблеми.

„Искрено, и без мудрувања, претстои преодниот трансфер-период, тоа ќе биде клучен бидејќи ќе зависи од тоа дали Демба Ба ќе остане или ќе си оди од клубот. Доколку си оди, немам намера да чекам до лето да барам некое решение“ изјави Пердју.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: