Наполи одби 55 милиони евра за Кавани

Според зборовите на челниците на Наполи, клубот одбил понуда за Едисон Кавани тешка 55 милиони евра.

Наполи донесе одлука да се одбие голема понуда за ангажман на Едисон Кавани, а според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, се вели дека за услугите на Кавани биле понудени одлични 55 милиони евра.

„Кавани е борец кој го обединува она што е најдоброто од наполитанскиот дух и нашите навивачи. Токму поради тоа ја одбив понудата од 55 милиони евра“ нагласи сопственикот на оваа екипа.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: