Лепа Брена место слава, би одбрала мирен живот

Лепа Брена, прв пат по 30 години ќе пее за Нова година во Белград, а вели дека се радува на настапот.

Но, да може да го врати времето, никогаш не би била Лепа Брена, односно музичарка која ја понесе цела Југославија, и која и денеска има завидна кариера.
„Разликата во однос на дочекот во 1981 година во Белград е во тоа што тогаш бев анонимна девојка која никогаш не сонувала дека ќе сними албум и дека ќе направи такви резултати на Балканот. Со овој дочек сакавме да го вратиме стариот, достоинствен начин на дочек на Нова година, кога сите бевме облечени во убави фустани, со најубава фризура, кога посебно се шминкавме… Кога изгледате фантастично, тогаш и се чувствувате така“, вели Брена за Blic.
Вели дека, следен пат,  би избрала многу помирен живот.
„Ако ме прашате дали повторно ова би го работела – никогаш повеќе во животот! Веќе сум го пробала тој колач и му го знам вкусот. Би пробала да сум некој непознат, анонимен, да градам кариера која е многу помирна, да не си го кинам желудникот, крвните садови, мозокот… Едноставно, да имам некој кој ќе ми ги исполнува желбичките, како и на повеќето жени“, вели Брена за Blic.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: