ТВ Пинк ги затвори вратите за Наташа Беквалац

Loading...

 

Поради своето непрофесионално однесување, српската барбика Наташа Беквалац веќе нема да гостува на емисиите што се во продукција на телевизијата Пинк. Таа со своето размазено и недолично однесување усепа да ги натера главните промотери на музичките ѕвезди на Балканот да решат да затворат вратите и да ја прекинат соработката со неа.

 

Човек од оваа телевизиска куќа кој инсистирал да остане анонимен изјави дека поводот за овој прекин на односите било откажувањето на Наташа на учеството во емисијата „Ами Џи Шоу“. Таа го откажала гостувањето во последен момент, откако дознала дека нема да биде единствената ѕвезда вечерта. Таа била изненадена и навредена што до неа требало да седат и Саша Ковачевиќ, Дара Бубамара, Николина Ковач и Бојан Маровиќ.

 

Од телевизијата изјавија: „Пинк нема намера да забранува никого, но време е некои ѕвезди како Беквалац кои мислат дека се над Пинк да се спуштат на земја. Никој новинар и водител не доби забрана да ја повикува Беквалац во емисија но без огромна посебна причина таа нема ни да биде повикана.“

 

Пејачката и нејзиниот тим не сакале да изјават ништо да овој настан.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...