Има ли Том Круз веќе нова љубов?

За помалку од 6 месеци по разводот на Том Круз и Кејти Холмс, 50 годишниот актер е виден како разменува страсти со 26 годишната бринета Синтија Хорхе, додека танцуваат во ноќниот клуб Ле Барон.

Се започнало кога Хорхе му го дала својот број на Круз, по ручекот во ресторанот „Beauty and Essex“, кој таа го води, според магазинот „In Touch“.

„Тој беше магепсан од Синтија. Таа ја имаше својата коса фатено во пунџа, носеше тесни  црни пантолони и навистина изгледаше прекрасно“ изјави сведок на настанот за  „In Touch“.

Но, вратарот на ноќниот клуб, кој одби да го каже своето име, се сомневаше дека тие некогаш играле заедно. Тој изјави: „Бевг тука цела вечер и не го ни видов Том да дојде во клубот. Прочитав за веста и бев изненаден. Доколку тој се појавеше, ќе го видев. Не верувам дека се случило, барем не овде“.

Други извори исто така велат дека Том и Синтија не се заедно. Близок роднина на Синтија се изненади поради новостите за парот, но не коментираше дали се заедно или не, но доколку се, Том би бил многу среќен, претставувајќи ја Синтија како фина, весела личност која сака да се дружи.

Не е многу чудно Том Круз да биде со сосема обична девојка, која не е ниту глумица, ниту пеачка. Ова се случувало и порано, ако се сеќавате дека Мет Дејмон својата долгогодишна сопруга ја запозна во бар, во кој таа работеше како келнерка. Истиот случај е и со Николас Кејџ, кој исто така својата љубов, иако девојката имаше само 21 година, ја запозна додека таа го служеше во ресторанот во кој Кејџ ручаше.

Луѓето сакаат вакви приказни затоа што им даваат надеж дека ова може и нив да им се случи. Исто како да сте добиле на лото.

Вистина или не, нема да не изненади ако Том го видиме веќе со нова партнерка. Сепак и на 50 годишна возраст, се уште изгледа 20 години помладо и не би било чудно што жените се лепат за овој префинет и секси господин.

Пронајдете не на следниве мрежи: