Касиљас во Барселона: Мака имам од Меси…

Капетанот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, наводно е виден во Барселона.

Со мобилен успеале да го снимат случајни минувачи и го виделе како чека такси. Бил во друштво со својата девојка Сара Карбонеро. Касиљас го посетил музејот на фудбалскиот клуб Барселона, додека неговата девојка отишла во шопинг, пишува „Ел Мундо Депортиво“. Каталонскиот дневник пренесува дека има нешто во приказната Касиљас-Барселона.

Откако Жозе Мурињо го стави на клупата за резервни играчи за мечот со Малага, се појавија одредени приказни и пикантерии околу иднината на Икер.

Касиљас наводно се видел и со својот стар пријател Андони Зубизарета, извршниот директор на Барселона.

„Ми се допаѓа местово, имам право да одлучам околу својата иднина. Мака ми е од тој вашиот Аргентинец кој постојано ми дава голови“ наводно се пошегувал Касиљас во разговорот со Зубизарета.

Инаку излезе и една интересна пикантерија во целата оваа приказна со Касиљас. Имено, во разговор со таксистот, Икер бил прашан дали ќе премине во Барселона, а Икер одговорил „За сега ништо нема“.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: