Елена Ристевска слави 10 години кариера

Loading...

 

Нашата музичка ѕвезда Елена Ристевска деновиве слави 10 години успешна кариера на македонската музичка сцена. За време на оваа декада, Елена издаде 3 албума, „Ден и ноќ“, „192“ и „Милионер“ (на српски јазик).

 

 

Таа успешно ја претстави и Македонија на Евровизијата во Атина во 2006 година, кога со песната „Нинанајна“ го освои 12-то место и со тоа го постигна нашиот најголем успех на оваа манифестација до сега. Таа не потсети дека слави 10 години кариера со тоа што напиша на својот фејсбук профил – „10 години поминаа толку брзо“ и објави неколку фотографии.

 

 

Девојчето што во 2002 година, на само 16 годишна возраст ја освои цела Македонија кога победи на изборт за нова музичка ѕвезда на М2, денес е успешна жена, професионалец, среќно мажена и со сигурна музичка иднина пред себе.

 

 

Честитки Елена, и само да чекаме други вакви јубилеии. 

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...