Викторија Бекам го заборави синот!

Loading...

Викторија Бекам можеби е мажена со еден од најжешките мажи на планетава земја и е мајка на 4 слатки дечиња, но како што изјавила за „Венити Фер“, таа не е перфектна. 

Таа стана едно утро и почна да се припрема себе си и своите деца за денот што следува. Во целиот тој хаос и брзање за да го однесе Бруклин на училиште и да го смести Харпер на задното седиште во својата кола, го вклучи нејзиниот „iPod“ и почна да вози.

После неколку минути , кога сфатила дека е премногу тивко во колата, се свртела кон седиштето и сфатила дека Бруклин не е во колата, како што изјавила Викторија. 

Кога побрзала да се врати дома, нејзиниот сопруг Дејвид и трите дечиња стоеле со голема насмевка на нивните лица.

Таа се чувствувала премногу глупаво што ги заборавила сопствените деца, кои требала да ги однесе на училиште.

Изненадувачки е што и Викторија воопшто ја поделила оваа вест со светот. Ретко кој сака да посочи на сопствените мани, но ова укажува на нејзината смисла за хумор и способност да признае дека не е совршена, па може и да се каже дека има предност во квалитетите, признавајќи ги сопствените мани.

Но, славни или не, на секого може да му се случи вакво нешто.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...