СП во 1982 година можело да мине без Британците

Владата на Велика Британија, во 1982 година ја разгледувала можноста да ги повлече репрезентациите на Англија, Шкотска и Северна Ирска од Мундијалот во Шпанија.

Според документите, кои однеодамна и се достапни на јавноста, причината за повлекувањето требало да биде војната околу Фокландските острови која ја водеа Велика Британија и Аргентина.
Во документите се наведува дека поедини фудбалери од споменатите репрезентации чувствувале ’гадење’ и не сакале да се натпреваруваат на Мундијалот на кој учесник беше и Аргентина.
На крајот таквата можност била отфрлена од премиерката Маргарет Тачер, бидејќи таквиот чекор би бил совршен за аргентинската пропаганда. Англија, Северна Ирска и Шкотска учествуваа на Светското првенство во 1982 година, но ниту една од репрезентациите не играше против Аргентина.
Војната за Фокландските острови траеше од 2.април до 14.јуни 1982 година, во тие судири загинале повеќе од 900 луѓе.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: