Пике се шегувал со медиумите за веста со бебето

Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике ги насамари во петокот медиумите кога на својот Твитер профил објави дека неговата девојка Шакира се породила.

Неколку часа откако напиша пораката „Се роди нашиот син. Фала на сите за пораките“, Пике напиша дека се шегувал. „Тој веќе има име. Се вика Невин. Среќен ден на шегата“ напишал фудбалерот.
Пораката е објавена на „Денот на невините“, денот кога во Шпанија традиционално луѓето се шегуваат.
„Шакира и Пике родители, најлошата шега годинава“ напиша водечкиот шпански весник „Ел Паис“.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: