ВИДЕО: Шеќеринска и Иванова го „китеа“ Собранието

Пратениците на СДСМ излегоа во јавноста со тврдењето дека биле непотребно малтретирани и отстранети од страна на Собраниското обезбедување за време на пленарната седница на која се случија низа инциденти.

Сепак собраниските безбедносни камери покажуваат дека залудно било тврдењето на дел од пратеничките од опозицијата дека се повредени или пак дека насилно се постапувало врз нив од страна на собраниското обезбедување.

Силните обвинувања од Радмила Шеќеринска, која беше една од најгласните дека била повредена, паднаа во вода. Покрај тоа што на видео снимката што беше објавена вчера добро се гледа дека собраниското обезбедување нема никаков контакт со неа, освен тоа што стојат до неа, таа и недолично се однесува во Собранието. Таа е седната е на масата на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Денеска се појави уште една видео снимка на која добро се гледа како Шеќеринска заедно со претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Цветанка Иванова се однесуваат недолично во собраниската сала и го провоцираат собраниското обезбедување.

Имено, додека припадниците на обезбедувањето стојат мирно, ги гледаме пратеничките како со лампиони од елката во Собраниската сала, удираат по нив.

Добро се гледа дека овие две пратенички не само што не биле малтретирани, туку се однесувале недолично и самите ја предизвикале одлуката да бидат отстранети од седницата.

фото: Курир

Loading...