6 знаци дека е заводник

Loading...

Секоја девојка вели дека и е преку глава од момчиња кои си поигруваат со неа. Но има и такви кои што неможат да им оддолеат на така наречените“лошимомци”. Еве неколку совети како да препознаете заводник.

 

 

1.Кога не сте со него никаде го нема

Ако некое момче е навистина заинтересирано за вас цело време ќе се труди сите планови да ги правите заедно. Но ако дечкото е загреан за вас само кога сте физички присутни до него тоа значи дека имате работа со заводник.

 

2.Не сте ги запознале неговите пријатели

Ова е голем проблем! Ако се гледа со повеќе девојки во исто време тој неможе сите да ги запознае со своите пријатели. Исто така тука е ризикот на некој од пријателите да му/и излета од уста некоја информација која не треба да ја слушнете.

 

3.Се лути ако му се јавите случајно

Ако некогаш ви текне на него и ја крете слушалката и го побарате а он цело време се лути поради тоа тогаш тоа е знак дека е со друга девојка или пак има други планови а вие не сте во нив.

 

4.Не престанува да праќа пораки додека сте заедно

Заводниците обично многу се вешти да ве убедат дека вие сте центарот на неговото внимание. Но ако неговото внимание е свртено накај телефонот тогаш можеби праќа пораки на друга девојка.

 

5.Не крева на телефон пред вас

Ако често станува за да се јави или пак исклучува ако некој му врти тогаш тоа е голем знак дека нешто не е во ред.

 

6.Чувствувате нешто сомнително

Жените обично имаат голема интиуција и знаат да почувствуваат кога нешто не како што треба. Наш совет е ако тоа се случи имате работа со заводник и време е да се послушате себе си.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...