Митски локации кои не постојат

Секој од нас барем еднаш во животот, читајќи книга или гледајќи филм, посакал да отиде на местото каде се одвивало дејствието, дури и ако тоа е само плод на фантазијата, односно чиста авторска “измислица”.Иако се измислени, некои места од митските приказни се инспирирани од вистински локации кои со повеќе или помалку труд може да се пронајдат.

 

Нарниа

Кралството Нарниа кое во истоимениот роман го има замислено Ц.С Луис инспирираше многу луѓе да го побараат волшебниот плакар дури и во својата соба, кој води до земјата каде животните зборуваат, а чудата и магијата се дел од секојдневието.

Луис, пишувајќи ги “Хрониките на Нарнија” бил инспириран од своето родно место Северна Ирска, но последната верзија на филмот беше сместена на новозеландскиот остров Вакари, познат како Белиот Остров.

 

Меѓуземја

Во најодалечената земја на светот Нов Зеланд, најверодостојно можете да ја доживете Meѓуземјата, митската дестинација на Толкен, која во романот на овој писател е опишана со повеќе детали и мапи од многу вистински земји, а како тоа да не било доволно, па Толкен измислил и посебен јазик.

Сепак, најзаслужни за приближување на Меѓуземјата до сите заинтересирани е авторот на филмската трилогија “Господар на прстените” Питер Џексон, а сетот за филмот сниман во Нов Зеланд е зачуван како првокласна турстичка атракција.

Ел Дорадо

Индијанскиот митски град од злато со векови ги привлекува љубопитните, од времето на шпанските освојувачи кои во потрагата по богатството покренувале вистински истражувачки походи.

Ако и вие сакате да го почувствувате делот од таа легенда, јужноамериканските прашуми се вистинското место за тоа.

Придружете се на некоја од тие експедиции, никогаш не се знае, можеби ќе имате среќа да откриете нешто.

Недојдија

Во приказната се раскажува дека само децата можат да ја посетат Недодија, но ако имате чисти и весели мисли можеби и како возрасни ќе можете да го пронајдете патот до земјата на Петар Пан, Капетанот Кука и изгубените момчиња.

Освен слатки деца, овде има и крокодили и пирати, а иако се претпоставува дека авторот приказната ја сместил на место слично на австралиските острови, изворите од редовите на Изгубените момчиња тврдат дека Недојдија е всушност на Мадагаскар.

Земјата на чудата

Кој не сака да патува низ зајачката дупка, посебно ако на другата страна на дупката се наоѓа Земјата на чудата во која заврши Алиса едно досадно неделно попладне.

Луис Керол во својот класик, Земјата на чудата ја опишал како место на магија и волшебни напитоци.

Таа е и живеалиште на необични ликови – Зајакот кој брза и Лудиот шапкар, злобни кралици и гасеници кои зборуваат, а националниот спорт на земјата е еден вид на крикет, само што место обична топка се користи еж, а место палка фламенго.

Познато е дека авторот во романот внесол многу ликови од својот живот и дека дејството е сместено во Англија, со посебен акцент на Оксфорд каде тој работел како професор.

Камелот

 

Постојат многу теории за локацијата на легендарниот дворец на Крал Артур, но тоа не ги спречува историчарите и туристичките агенции и понатаму да претпоставуваат за местото каде славниот крал го чувал Екскалибур, заседавал со мудрите витези на тркалезната маса и се дружел со Лејди Гуиневер.

Шпекулациите за локацијата се однесуваат на Винчестер со својата тркалезна маса, малиот велшки град Каерлеон и Сомерсет.

Без разлика на тоа дали ќе одлучите да го барате Камелот во Англија, Велс или Шкотска, ќе го пронајдете најважното – романтика и идилично минато.

Атлантида

Атлантида е тема на расправии уште кога Платон, 360 години п.н.е прв пат пишувал за неа.

Атлантида според легендите била свет на изобилство кој ненадејно бил проголтан од морето пред повеќе од 9.000 години.

Во средина на големиот осторов, според легендата, имало концентрични кругови и градба на софистицирана култура слична на Античка Грција.

Но, иако многу често некој тврди дека ги пронашол остатоците на Атлантида, различни се теориите за местото каде таа би можела да се наоѓа.

Нејзнината локација е потоната на некое место од Медитеранските острови, преку Антлантикот и Црното Море, па се до Ирска, Скандинавија и Северното Море.

Пронајдете не на следниве мрежи: