Пулс24.мк и понатака број 1 во Македонија

По најновите измени кои се појавија вчера на глобалниот мерач на рејтинзи на сајтови alexa.com ПУЛС24.МК останува број 1 македонски сајт на оваа ранг листа. Вашиот омилен портал напредува глобално и по освојувањето на првото место кон крајот на ноември беше пласиран нешто под 10.000 место во цел свет. Во меѓувреме тоа се промени и сега ПУЛС24 се наоѓа на 8332 место помеѓу сите сајтови на планетата, меѓу кои и гигантите Фејбук, Јутјуб и Гугл (кои се најпосетувани во Македонија, како и во скоро сите држави глобално).

Но интересно е дека агрегаторот на вести ГРИД.МК од вчера се наоѓа на второ место помеѓу македонските сајтови (види слика). Со тоа агрегаторот ТАЈМ.МК е симнат на трето место. ТАЈМ.МК пред месец дена проба да го негира симнувањето од првата позиција, на која се наоѓаше подолго време. За да за кратко време биде симнат уште едно место подолу. Сопственикот на овој агрегат не издржа што не е прв, па прво ја фалсификуваше листата, за да потоа сосема ја укине. Но, во меѓувреме агрегаторот ИНФО.МК (клик врз текстот за да ја видите листата) ја презеде листата од Алекса.ком без корекции и ја направи достапна за сите корисници од Македонија…

Овие промени на врвот во македонската интернет сцена се интересни затоа што покажуваат промена на конзервативниот и тромав пристап и конечно прифаќање на новите трендови за дистрибуција на сообраќајот, како и поагресивно обраќање на читателите, особено преку социјалните мрежи.

Ние во иднина очекуваме овој натпревар уште повеќе да се изостри и да стане уште поинтересен. Што само може да донесе квалитет за крајниот корисник, односно читателот. Можеме да констатираме дека помина времето на големините кои сами за себе говореа дека се големини. Доаѓа време кога читателите имаат избор и ќе можат многу подинамично да примаат информации и со тоа да даваат доверба или пак да одземаат доверба на портали и агрегати…

Интересно е да се спомене и дека во меѓувреме ПУЛС24 е пласиран помеѓу првите 1000 сајтови и во три други држави, Црна Гора, БиХ, како и Србија… Споредено со 10 декември кога пишувавме на оваа тема, евидентен е растот и во Хрватска, Италија, Австрија и други држави.

Loading...