Челзи ја забележа втората победа во Премиер лига

Актуелниот европски фудбалски шампион Челзи по подолго време успеа да се искачи привремено на врвот на табелата на англиската Премиер лига, по домашната победа над Рединг од 4:2, со што по двете кола од новата сезона има максимални шест бодови.

Головите за Челзи ги постигнаа Франк Лампард во 18 минута од пенал, Гери Кејхил во 69, Фернандо Торес во 81 и Бранислав Ивановиќ во петтата минута од судиското продолжување, иако на полувремето Ридинг како гостин водеше со головите на Павел Погребњак во 25 и Дани Гатри во 29 минута.

Во првото коло Челзи забележа гостинска победа над Виган од 2:0, на кој Лампард исто така беше прецизен од белата точка, а гол постигна и Ивановиќ.

(макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: