10 најсекси професии според жените

Секој период од историјата си има свои херои и занимања кои им се повеќе или помалку привлечни на спротивниот пол. Знаете ли кои се сексуално најатрактивни професии на дамите во 21 век?

 

На почетокот на цивилизацијата, најсексапилен маж бил најдобриот ловец во племето. Малку подоцна го замениле првите големопоседници, а потоа кралевите, воините, витези, уметници. Денес работите се малку поинакви.

 

Еве резултати од една опсежна анкета на темата, кои се најсексапилните професии и за каков маж попрво би се омажила жена.

10. Фитнес тренер

Времето поминато во теретана резултира со совршено обликувано тело, кое предизвикува широка насмевка на лицето на жените кога ќе го видат.

9. Готвач

Овој маж и прави романтични вечери на својата избраничка како од сон… И тоа многу често.

8. Глумец

Глумците и пејачите се предмет на фантазија на жените ширум светот. Било да станува збор за нежна душа или бунтовник, во оваа категорија има простор за сечиј вкус.

7. Градинар

Младиот градинар со мускулесто тело (веројатно ги знаеме само од филмови) е сон на многу жени. Дали се виновни филмовите за тоа, во кои богатите газдарици фантазираат за згодно, младо момче што го одржува нивниот дом или едноставно погледот кон нив побудува фантазија, оставаме сами да заклучите.

6. Адвокат

Со адвокатите се поврзува успех, интелигенција и сигурност, која во комбинација со елегантно одело, уредна фризура и брада, но и дебел новчаник, оваа професија го зазема своето место меѓу поатрактивните професии.

5. Доктор

Униформите отсекогаш биле предмет на женската фантазија. Мажите во бел мантил симболизираат контрола и моќ, што понекогаш кај жените е многу поважно од физичкиот изглед.

4. Пожарникар

Силен маж што може да ја заштити во секој момент, е фантазија на многу дами. Особено кога ја оправдуваат сликата на мускулестите, моќни алфа мажјаци.

3. Полицаец

Чуварите на ред и мир, особено оние во специјалните единици се избор на жени кои сакаат да се чувствуваат сигурно и заштитено. Иако во 21 век жените сакаат самостојност, повеќето ќе се согласат дека понекогаш е убаво да се знае дека некој се грижи за нив и ги чува.

2. Спортисти

Спортистите, нивните совршени тела и мотото „во здраво тело, здрав дух“ се неодоливи за многу жени. А кога станува збор за фудбалери и нивната дебела сметка во банка, на фантазијата и нема крај.

1. Пилот

Оваа професија е на самиот врв уште од првото полетување во небеските висини, а дополнително популарноста и ја подигнал Том Круз во филмот „Top Gun“. Било да се работи за цивилен или воен пилот, фантазијата за моќниот пилот во елегантна униформа или комбинезон, кој успешно владее со огромно летало, останува вечна.

Пронајдете не на следниве мрежи: