Марадона се враќа во Наполи?

Диего Армандо Марадона според неофицијални информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, сакал да стане тренер на екипата на Наполи.

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Диего Армандо Марадона, има голем проблем со италијанските власти бидејќи неговиот долг на име – данок, изнесува 40 милиони евра.

Неговото доаѓање во Италија е со самото тоа отежнато, бидејќи до сега со неговиот влез во оваа земја му се конфискувани два „Ролекс“ часовници, кои подоцна за време на аукција ги купи напаѓачот на Палермо, Фабрицио Миколи.

Сепак, Марадона има голема желба да се врати во Наполи, и тоа како тренер, бидејќи смета дека на тој начин би ги решил проблемите.

„Сонувам да се вратам во Наполи, мене ми е тешко да влезам во Европа, поради данокот“ изјави Марадона.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: