Милан заинтересиран за Дестро и Стекеленбург

На листата на желби на екипата на Милан се наоѓаат двајца фудбалер на екипата на Рома, голманот Стекеленбург и напаѓачот Дестро.

Тренерот на екипата на Милан, Масимилијано Алегри, смета дека Мартин Стекеленбург би бил идеална замена за Кристијан Абијати, како и доведувањето на талентираниот Матиј Дестро би било полн погодок.

Алегри смета дека напаѓачкиот тандем Ел Шарави-Дестро би бил одличен. Овој млад фудбалер изби на прв план, бидејќи во Милан е се поизвесно дека од доведувањето на Дидиер Дрогба нема ништо.

Не се знае за која сума се работи кога е во прашање обештетувањето за Дестро, додека пак во случајот со Стекеленбург се споменува сума од околу 8 милиони евра.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: