Експертите: Шефот на ЦИА сепак ја потврди долгогодишната јавна тајна

Обвинувањата кои ги изнесе српскиот бизнисмен Љубоми Периќ-Магаш за лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски, ги потврди и поранешниот шеф на американската разузнавачка агенција ЦИА, задолжен за балканот, Стивен Мајер. 

За време на војните во 1990-тите години, Мајер бил доста активен на Балканот. Во тој период тој работел на килучното прашање, движењето на бегалците, но и обидот за шверц и испорака на оружје од Македонија во Србија. 

Во интервјуто за новинарската агенција МИА, Мајер изјави дека се потврдува јавната тајна дека во тој период Црвенковски владеел без опозиција. Самиот Црвенковски ги негираше овие шпекулации. 

 

 

“Таквото владеење фрлаше една поинаква светлина на демократијата. Денес токму тие политичари се крстат во демократијата, а како пак владееле тогаш“,  изјавува професорот Јанкуловски.

По неодамнешната анкета на  ИРИ во која Црвенковски има значително намален процент на доверба кај граѓаните, Американците му испраќаат нова порака на лидерот на СДСМ. Во период од само неколку месеци  Црвенковски доби две пораки од Американците за тој да си оди од опозицијата.

Сепак, Јанкуловски тврди дека најважна и најголема порака за Црвенковски е онаа која му е испратена директно од народот. 

“Народот кажува и одлучува дали некој греши или не. Истите политички методи од 20-тиот век не може и сега да се користат. Така се засилува притисокот врз него и се укажува на она што како политичар го правел, а главната порака му ја испраќа токму народот“, заклучува професорот, додавајќи дека народот цени и оценува кој што за него има направено.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Loading...