ПОПОВ РАСТУРИ НА АНКЕТАТА, НАЈДОБАР ИГРАЧ НА ВБА ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ!!!

Македонскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион е прогласен за најдобар играч на тимот за месец декември.

Нашиот Горан Попов едноставно „растури“ на анкетата што ја спроведе тимот на ВБА на својата официјална Фан-страна на Фејсбук.

Останатите фудбалери на ВБА беа премногу далеку во поглед на бројот на гласови. Фактот што во тие бројни гласови немаше само Македонци, туку имаше и фанови на ВБА-англичани, укажува дека анкетата е сосема реална.

489 гласови доби нашиот интернационалец до овој момент (18,30 часот), само за илустрација, Ромалу Лукаку (позајмен од Челзи) има само 49 глсови, потоа Шејн Лонг 44 гласови, Јонас Олсон 31 глас, голманот Бен Фостер 21 глас и така натаму…

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: