Реал најде замена за Касиљас – Де Геа!

Според англискиот таблоид „Сан“, Реал Мадрид на лето би можел да тргне во лов на голманот на екипата на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.

Де Геа во летниот период пристигна во Манчестер Јунајтед од Атлетико Мадрид, а не е исклучено дека наредната година би се вратил во родниот град, но не на „Висенте Калдерон“, туку на „Сантијаго Бернабе“.

„Сан“ пренесува дека Кралскиот клуб спрема понуда во висина од 22 милиони фунти за ангажман на 22-годишниот голман Де Геа, а во целата приказна се вклопува и тренерот на Реал, Жозе Мурињо, со капитенот и првиот голман на оваа екипа, Икер Касиљас.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: