Пато одлучи – продолжува во Коринтианс!

Според последните информации од Бразил, напаѓачот на Милан практично го договорил трансферот во Коринтианс.

Според тоа како стојат работите, останува уште двата клуба да го официјализираат овој трансфер.

Веќе нема дилеми каде ќе продолжи Алесандре Пато. Од јануари тој продолжува во Бразилски Коринтианс. Неговиот агент ја потврди оваа вест и се вели дека изборот паднал на Коринтианс и дека само уште некои формалности остануваат да трансферот се реализира.

„Пато го одбра Коринтианс и овој клуб му беше прв уште од моментот кога одлучи да се врати во Бразил. Во овој клуб ќе направат се да Пато се врати во некогашната форма. Остана уште само челниците на двата клуба да ги решат последните детали за се да биде официјално“ изјави Гилмар Велоз, агентот на Пато.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: