Демба Ба во Челзи

Медиумите во Англија пренесуваат дека Сенегалецот има почнато преговори со екипата на Челзи.

Според информациите кои ги пренесуваат дел од англиските медиуми, се вели дека неофицијално напаѓачот на Њукасл, Демба Ба, е на чекор до трансфер во екипата на Челзи.

Клаузулата која стои во договорот на Ба со Њукасл изнесува 9 милиони евра, но неговите менаџери сакаат да добијат околу четири или седум милиони евра за Ба да се согласи на потпис на договор.

Челзи е еден од клубовите кој е сериозно заинтересиран за услугите на напаѓачот на Њукасл, за разлика од Арсенал, Париз Сент Жермен и останатите заинтересирани, Челзи прв го направи чекорот за ангажман на Сенегалецот.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: