Рафа „НИШТО НЕ ЗНАЕ…“: Не сум известен за Демба Ба

Тренерот на екипата на Челзи, Рафа Бенитез, призна дека не знае дали некој од челниците на Челзи почнал преговори за трансфер на Демба Ба во овој тим.

Низ британските медиуми се појави веста дека напаѓачот на екипата на Њукасл, Демба Ба, веќе во првата недела од јануари би требало да започне преговори со екипата на Челзи, а до крајот на месецот би можел да пристигне на „Стемфорд Бриџ“.

„Не знам околу тоа дали Демба Ба доаѓа или не. Немав прилика да разговарам околу тоа со оние кои се задолжени за трансферите бидејќи бевме во голем пеколен ритам на натпревари“ изјави Бенитез.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: