Таисон го „КОЧИ“ работната дозвола

Офанзивецот на екипата на украински Металист се наоѓа на листата на желби на англискиот премиерлигаш Челзи, но проблем може да претставува работната дозвола.

Дваесетгодишниот фудбалер на Металист од Харкив би можел да го засили англискиот премиерлигаш Челзи во јануарскиот преоден трансфер период, а тимот од Лондон ќе се обиде да бара специјална работна дозвола која го кочи трансферот на Таисон.

Челзи се надева дека Таисон би можел да дојде во нивниот тим доколку од ФА добие специјална работна дозвола која се добива доколку во Англија се доведува посебно талентиран млад играч.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: