Јелена Карлеуша: Цеца е многу паметна и интелигентна жена

 

Јелена Карлеуша, гостувајќи во емисијата „Добро вечер Србија“ се отвори за многу прашања.Меѓу другото, зборуваше за 50 тужби што ги има кренато против Иван Ивановиќ само во последните неколку месеци, за тоа дека може и последните пари да ги потроши на шопинг, како и дека ги има тужено речиси сите можни новинари во Србија.

 

Таа нагласи дека не сака да и биде нарушен угледот како мајка, ќерка, сопруга, пејачка…

 

Таа проговоре и за Цеца: „Кога мене ќе ме прашаат за Цеца, јас секогаш имам одговор бидејќи имам одговор за се. Таа е многу мудра, и кој го знае тоа, знае многу! Таа мене никогаш не ме спомнува. Таа никогаш не зборува, но има цел круг на луѓе, пријатели и соработници кои и тоа како работат против мене и зборуваат лошо за мене. Моите пријатели никогаш не рекле ништо лошо за Цеца, а јас ги тужам сите нејзини другарки!“

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: