Северина, Милан Поповиќ и Марија Каран ќе слават нова година во ист клуб

 

Можеби неверојатното се случи.

Како што веќе знаеме, за новогодишната ноќ, Северина ќе настапи во белградскиот клуб „Магацин“.

 

Но она што во моментов привлекува големо внимание е фактот дека Милан Поповиќ, нејзиното поранешно момче, резервираше сепаре токму во истиот клуб. Како што пренесуваат српските медиуми, тој го резервирал сепарето под лажно име, за да не привелкува многу внимание на себе, а во клубот ќе пристигне малку пред полноќ…

 

Неговите пријатели велат дека Милан го направил овој гест со цел да се смири со пејачката и да ја обноват нивната романса, но неговите планови може да ги расипе српската актерка Марија Каран. Таа беше поврзувана со Милан и претставувана како неговата нова девојка, а тие заедно ја дочекаа и 2012 година додека Севе беше во болница.

 

Што ќе се случи понатаму, останува да видиме. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: