Арсенал му постави рок на Волкот

Во желба да ја прекинат неизвесноста, челниците на Арсенал му поставија рок на Тео Волкот да се изјасни околу тоа дали ќе потпише договор со својот клуб.

Англискиот фудбалер кој веќе некое време својот клуб го држи во неизвесност во наредните две недели ќе мора да се изјасни околу тоа дали ќе потпише нов договор со Арсенал.

Тео Волкот од август води преговори со Арсенал околу продолжување на договорот, финансиските аспекти се главниот проблем, конкретно, понудата на Арсенал изнесува 78 000 фунти неделна плата, но Волкот бара 110 000 фунти неделна плата, што претставува проблем во одвивањето на преговорите.

Освен тоа, Волкот му упатуваше одредени критики кон тренерот Венгер за тоа дека не му давал шанса на позицијата централен напаѓач.

Наредните две недели ќе бидат пресудни кога е во прашање иднината на Тео Волкот кој има договор со Арсенал до лето.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: