Иличиќ: Каков Милан, ЈАС НАВИВАМ ЗА ЈУВЕ!!!

Словенецот не сака да биде засилување за екипата на Милан, вели дека подобро би останал во Палермо, не ја крие навивачката определеност.

Јосип Иличиќ веќе одреден период е поврзуван како замена за Робињо, но Словенецот има други идеи.

„Не би сакал во Милан, би сакал да останам во Палермо, добро ми е овде, ќе ја избегнеме борбата за опстанок, што беше и целта“ вели Словенецот.

„Јас сум голем навивач на Јувентус, тоа е поради Дел Пиеро кој ми беше идол уште од мали нозе…“ изјави Иличиќ.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: