„Златна Топка“ за Нејмар

Одличниот Бразилец втора година по ред е прогласен за најдобар фудбалер на Јужна Америка.

Нејмар немаше конкуренција, Бразилецот повторно надмоќно триумфираше во ова натпреварување за најдобар фудбалер на Јужна Америка.

Зад него остана фудбалерот кој на Коринтианс му донесе титула за клубски шампион на светот, Паоло Гереро, третото место му припадна на Лукаш Моура кој денес ќе биде претставен во Париз Сент Жермен.

На листата уште беа и Роналдињо и Фред.

По традиција најдобриот фудбалер го бира уругвајскиот медиум „Ел Пас“.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: