Сити не го дава Балотели

Во Сити ставија точка на продажбата на Марио Балотели, едноставно шеикот Менсур го гледа како симбол на клубот.

Сопственикот на клубот изгледа стави точка на целата приказна околу продажба на Марио Балотели.

„Менсур го сака, сепак Балотели е бренд, инвестиција за иднината, нема да ги фрламе таквите работи низ прозор, мислам дека ќе остане, но иднината зависи од него“ изјави Манчини.

Тој демантираше дека е во судир со напаѓачот.

„Тоа не е вистина, тој израсна покрај мене, многу го сакам. Но професионалниот однос нема ништо поврзано со тоа“ додава Манчини.

Англиските таблоиди пишуваат дека челниците на Сити порачале дека ниту една понуда за ангажман и трансфер на Балотели нема да бидат земени во предвид и ќе бидат одбиени.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: