Лацио спрема понуда за Лампард!

Иако игра во одлична форма, искусниот ветеран на крајот на сезоната се поизвесно е дека ќе си замине од тимот на Челзи.

Френк Лампард за викендот уште еднаш покажа дека е во одлична форма постигнувајќи два гола против екипата на Евертон.

Сепак, со оглед на политиката на Челзи кога се во прашање играчи стари над 30 годишна возраст, фудбалерот кој има договор до крајот на сезоната би можел да си оди од Лондон.

Се говореше за интересирање на одредени кинески клубови, но и американски, сепак последната информација говори дека Лампард би можел својата кариера да ја заврши во Европа.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, се вели дека за услугите на Лампард сериозно е заинтересиран Лацио кој веќе спремил конкретна понуда.

Во прашање е тригодишен договор вреден 2 милиони фунти по сезона кој Лацио ќе го испрати во брзо време, се шпекулира дека Лацио сака на време да го обезбеди потписот на Лампард кој во јули ќе биде слободен играч.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: