Ливерпул нема пари за Давид Виља

Раководството на Барселона ја одбило понудата на Ливерпул, напаѓачот Давид Виља, до крајот на сезоната како позајмен играч да настапува за ’црвените’ од Енфилд, пренесоа англиските медиуми.

Виља е незадоволен од статусот во тимот, Барселона е подготвена да го продаде, но за сума која нема да биде помала од 16 милиони фунти, пари кои во моментов Ливерпул ги нема. Според непотврдени во трката за потписот на Виља ќе се вклучи Арсенал, додека од претходно е познато дека шпанскиот репрезентативец е интересен за Челзи.
Давид Виља, минатиот месец наполни 31 година, во август тој се врати на терените по тешката повреда, со која се здоби во декември 2011 година на Светското клупско првенство.
Најдобриот стрелец во историјата на шпанската фудбалска репрезентација, оваа сезона за Барселона има одиграно 20 натпревари на кои постигнал осум погодоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: