Фото: Баба со струк од 38 сантиметри!

 

Кети Јанг е 75 годишна баба од Америка. По што е таа позната? По тоа што нејзниот струк има обем од само 38 сантиметри! Таа и официјално е прогласена за жена со најтенок струк на светот.

 

Носи корсети од нејзината 38 година, а нејзинаа гардероба е инспирирана од Викторијанскиот период, кога убавината на една жена се ценела по големината, односно тенкоста на нејзиниот струк. На прв поглед делува дека оваа супер тенка бабичка извадила барем две ребра, но не, таа во Гинисовата книга на рекорди влегува како целосно природна жена. Ништо на нејзиното тело не е додадено или одземено, туку е само обликувано со ултра затегнатите корсети.

 

Таа вели дека отсекогаш била импресионирана од Викторијанската убавина – тенок струк и големи гради.

Ако ве заинтересира нешто повеќе за оваа жена, погледнете ја нејзината официјална веб страна. 

 

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: