Челзи се изрезили против КПР

Фудбалерите на Квинс Парк Ренџерс направија вистинска сензација, откако на ’Стенфорд Бриџ’ го победија Челзи со 1:0.

Единствениот гол, со кој КПР го совлада фаворитот го постигна Шон Рајт-Филипс во 78 минута од натпреварот. КПР на ’Стенфорд Бриџ’ ја забележа првата победа над Челзи по пауза од 30 години, а со освоените бодови се израмни на табелата со Рединг, двата тима сега го делат последното место.
Ливерпул, по прв пат сезонава забележа две победи во серија, ’црвените’ го победија Сандерленд со 3:0, Стерлинг постигна еден, а Луис Суарез два гола. Уругваецот, сезонава во Премиерлигата има постигнато 15 погодоци.
Евертон ја продолжи серијата на одлични резултати, ’карамелите’ на гостински терен го победија Њукасл со 2:1. Бејнс и Аничебе беа стрелци на головите, откако Њукалс поведе со погодокот на Сисе по само 120 секунди игра.
 

Ливерпул-Сандерленд 3:0

њукасл-евертон 1:2

Челзи-КПР 0:1

ВБА-Фулам 1:2

Ман.Сити-Стоук 3:0

Свонси-Астон Вила 2.2

Тотенхем-Рединг 3:1

Вест Хем-Норич 2:1

Виган-Ман.Јунајтед 0:4

Саутемптон-Арсенал 1:1

Пронајдете не на следниве мрежи: