Мурињо му се налути на Коентрао

Жозе Мурињо бара „драконска“ казна бидејќи Фабио Коентрао закасни со враќањето во Мадрид.

Фабио Коентрао е во втор план кај Мурињо, практично и не играше во текот на есента, а не е тајна дека Реал сака да го продаде.

Проблемот е што екипата од Мадрид го платија цели 30 милиони евра и тие пари дефинитивно не ќе може да си ги врати.

Коентрао според информациите кои ги пренесуваат шпанските медиуми, живее тотално не-спортски, имаше добри партии во тимот, нема никакво сомнение околу тоа, но сега воопшто не е во комбинација за во тимот.

Задоцни со враќањето од Португалија, Мурињо премногу се налутил и бара да клубот реагира со остра санкција, се споменува огромна парична казна за некогашниот фудбалер на Бенфика.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: