ФОТО: „ЦИРКУЗ“ во Сити, се степаа Балотели и Манчини

Играчите ги раздвојувале Италијанците, а Манчини едноставно полудел по грубиот старт на Балотели над Гаел Клиши.

Еден ден откако Роберто Манчини изјави дека го сака Марио Балотели и дека истиот играч е премногу омилен кај шеикот Менсур, стигна друга слика од тренинг центарот.

Имено, во Керингтон, Италијанците беа во мошне невообичаена ситуација откако Балотели стартуваше врз Гаел Клиши.

Манчиини бурно реагираше, дојде до гурање па дури и физички контакт, тогаш Балотели ги изгуби нервите и се обиде да го удри тренерот.

На крајот играчите притрчаа и ги раздвоија двајцата италијанци.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: