Рома гневна, Освалдо собира понуди!

Аргентинецот целосно го надигра тимот на Рома и ја избегна турнејата по Америка, од Аргентина директно стигна во Рим.

Во клубот се премногу гневни на однесувањето на Освалдо и се сомневаат дека лажирал лажно лекарско оправдание. Големата тројка во Италијанската Серија „А“ како едвај да чекаше ваков настан па веднаш тргна во лов на потписот на овој одличен напаѓач.

Пабло Освалдо се разболел во Аргентина на празниците, не се појави во Америка каде Рома ги одработуваше своите обврски кон спонзорите.

Наместо тоа, тој стигна во Рим каде ќе ја сочека екипата, има оправдание од лекар во кој според некои информации клубот не верува.

Освалдо имаше проблеми со Земан, тренерот на екипата на Рома, неговиот квалитет воопшто не е спорен, но често е на насловните страни од погрешни причини.

Има интересирање за неговите услуги од страна на неколку клубови. Јувентус би ги менувал Квајарела и Матри за Освалдо, Милан би дал дел од парите од Пато и Робињо за ангажман на Освалдо, додека пак како трет тим се споменува Интер кој во Освалдо гледа како идеален партнер во нападот за Диего Милито.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: