И Македонија ќе има свој Гатузо во сениорската фудбалска селекција?

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Зени Хусмани, или како што го нарекуваа „Шибеничкиот Гатузо“ додека настапуваше во хрватски Шибеник е можеби свежината во средниот ред што ја најавува новиот селектор Јаневски.

На „големо“ кружат шпекулациите дека Хусмани ќе биде свежината во средниот ред во националниот тим.

Моментално, Зени Хусмани настапува за тимот на Домжале во Словенија, а член е на Младата фудбалска репрезентација до 21 годишна возраст.

Поради својата борбена и пожртвувана игра Шибеничани го нарекуваа „Шибеничкиот Гатузо“ а во него гледаа млад и талентиран фудбалер на кој му претстои перспективна кариера.

Инаку, Зени Хусмани со својата вредност на трансфер пазарот од 450.000 евра е најдобро рангиран според вредноста во младата фудбалска репрезентација.

Фото: nkdomzale.si

loading...
Loading...