Снајдер би можел во КПР

Хари Реднап се зачуди откако еден агент кого не сака да го именува, му понуди да го доведе Весли Снајдер во неговите редови.

Приказната околу холандскиот интернационалец од редовите на Интер продолжува, Снајдер во јануарскиот преоден трансфер-период влегува со желба да ја промени средината.

Сепак, доколку не му се намали платата тешко дека ќе пронајде клуб.

Има интерес од одредени големи фудбалски гиганти, но се чини голем проблем претставува неговото барање да заработува 200 000 фунти неделна плата.

Последните денови се говори околу трансфер во Тотенхем, но Хари Реднап откри една интересна информација.

„Ме праша еден агент дали би сакал да го имам во своите редови Весли Снајдер. Секако дека сакам, но тој заработува околу 200 000 фунти неделно, и сега сака да дојде во КПР? Не сакам да го именувам агентот, но мислам дека тешко би договориле соработка“ изјави Хари Реднап, тренерот на Квинс Парк Ренџерс.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: