Манчини: Балотели останува во Манчестер Сити

Тренерот на екипата на Манчестер Сити, Роберто Манчини, тврди дека вчерашниот настан со напаѓачот на оваа екипа, нема да влијае врз неговото останување во клубот.

Тренерот на екипата на Манчестер Сити, Манчини, изјави дека не се карал со напаѓачот Марио Балотели и дека италијанскиот репрезентативец ќе остане во клубот.

Англиските медиуми објавија фотографии од тренингот на Манчестер Сити на кои се гледа како Балотели се пресметува со тренерот и потоа го напушта тренингот.

Манчини сепак изјави дека тие фотографии не ја прикажуваат вистинската слика во оваа екипа.

„Немаше расправии, тоа е вистина. Марио е таква особа, но тоа не менува ништо околу неговото останување во клубот, тоа го мислам апсолутно“ изјави Манчини.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: