Вељаноски револтиран од злоупотребата на приватноста на неговото семејство

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски е револтиран од  злоупотреба на приватноста на неговите деца, откако неколку медиуми објавија приватни фотографии на неговата ќерка.

„Револтиран сум од обидот за злоупотреба на приватноста на моето семејство и на моите деца. Очигледно е дека задирањето во приватноста во овој сложен политички момент, воопшто не е случајно“, реагира Вељаноски.
Сепак, колку и да се обидуваат преку злоупотреба на приватноста да удрат по институциите, додава Вељаноски, не само што тоа нема да го поколеба, туку напротив, го прави уште порешителен во остварувањето на интересите на граѓаните, почитувањето на Уставот и институциите и спроведувањето на редот и поредок во нив.
„И покрај се, непромисленото и недостоинствено постапување во некое идно време ќе биде причина за голем личен срам и каење на оние што посегнале кон злоупотреба на лични и фамилијарни сегменти на политичките неистомисленици“, вели Вељаноски.

Макфакс

Loading...