ДЕМБА БА ПРОМОВИРАН ВО ЧЕЛЗИ!

Англискиот премиерлигаш Челзи го реализираше трансферот на Демба Ба од редовите на Њукасл.

Поранешниот напаѓач на екипата на Хофенхајм и Њукасл, потпишат три-ипол годишен договор со Челзи.

Пред само неколку денови се појавија информации околу тоа дека менаџери на Демба Ба закажале разговори со челниците на Челзи за да биде договорена соработката со сенегалскиот напаѓач.

Се претпоставува дека разговорите поминале без никакви проблеми па веќе Демба Ба е претставен во Челзи.

„Се чувствувам одлично поради фактот што сум овде. Горд сум на тоа дека играм во тим кој ја освои Лигата на Шампионите. Одлуката не беше тешка бидејќи Челзи е голем клуб со богата традиција“ изјави Демба Ба на официјалната промоција.

Челзи не ги обелодени финансиските околности под кои е договорена соработката со Сенегалецот, Демба Ба ќе има право на настап за Челзи на утрешниот натпревар со Саутемптон во третото коло од ФА Купот.

Сенегалецот нема да може да игра во Лига Европа за Челзи бидејќи веќе играше за Њукасл оваа сезона во тоа натпреварување.

Демба Ба со постигнати 13 погодоци е прв стрелец во Премиер Лигата. Олеснителна околност за Челзи е и тоа што Сенегал не учествува на овогодинешниот Куп на Афричките Нации, па Демба Ба ќе може да игра во Премиер Лигата во текот на јануари за разлика од голем број африкански фудбалери кои заминуваат во Јужна Африка.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: