ЕУ повика на смирување на страстите во Македонија

Политичките партии и нивните поддржувачи да стават крај на конфронтациите во Македонија, повикаа во петокот од Европската Унија, по случувањата поврзани со носењето на државниот Буџет.

„Ние со загриженост ги набљудувавме политичките судири во и околу собраниската зграда и ги повикуваме сите страни веднаш да запрат сите агресивни и провокативни акции“, изјави Себастијан Брабант, портпарол во Европската Комисија.
Тој порачува дека мирното изразување на различните мислења е основата на силна и демократска нација, додека употребата на насилство од страна на кого било го поткопува тој систем и штети на можноста да се владее одговорно.
„ЕУ ги повикува лидерите на сите политички партии и нивните поддржувачи да стават крај на овие конфронтации, без одлагање. Ги повикуваме да се однесуваат на начин кој е во согласност со Уставот и законите, но и да делуваат низ расправа во Собранието што е во најдобар интерес на граѓаните кои ги избрале за да ги претставуваат нивните интереси во Парламентот“, изјави Брабант на редовниот прес-брифинг во Европската Комисија во петокот.

Пронајдете не на следниве мрежи: